МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Цената на боровинките достигнува до 100 денари за килограм

Додека голем број на луѓе сега залудно го трошат времето пред компјутер или сеуште спијат не можејќи да се свестат од забавата од претходната вечер, мажи, жени и деца берат боровинки во срцето на планината Кожуф. Ним не им претставува проблем ниту лошото време, ниту спиењето во дивината, ниту напорното пешачење, ниту напорот кој го вложуваат додека со таканаречениот чешел ги собираат плодовите од природата.

11911444_673781829424042_402952023_n.jpg -Бербата започна со не баш најзрели плодови на 5 август, причината за тоа најверојатно беше во фактот што годината е доцна. Цената за еден килограм е 100 денари а дневно можат да се заработат и до 1.400 денари. Дневно можат да се наберат до 14 килограми, но во просек главно околу 10. Дете може да набере омалку. Не верувам дека цената ќе оди надолу. Само многу треба да се оди низ планината затоа што родот го нема како во минатите години, помал е, а тука се и последиците од мраз и градобијни врнежи. Според некои од берачите, ова е најлоша година за боровинки во последните триесетина години-објасни за Дневник младиот Дарко Најдов, претседател на месната заедница на селото Горна Бошава под Кожув. На почетокот биле околу 25 берачи , сега вели се за десетина помалку. -Најмладиот берач има само 8 години, а најстариот е жена на околу 75 години. Некои си заминаа оти родот е помал од претходните години, а и плодовите беа зелени. Сега плодовите се позрели отколку на почетокот, набраните количини ги носиме со трактор во поткожувското село Крњево, на откупен пункт. Се наоѓаме на околу 15 километри земјен пат над селото Чемерско а со тракторот до Крњево возиме околу 3.5 часа во еден правец-кажа Најдов кој е тазе дипломиран професор по географија.

11880114_673781836090708_270557066_n.jpg Она што е посебно интересно, велат берачите, е фактот што во планината се развива братство и единство, по боровинки во дивината имаат тргнато и македонци и албанци, млади и стари, мажи и жени, деца. -Планината не знае за политика. Ние овде заедно делиме добро и лошо. Тука гледаме само како да си помогнеме едни на други. Снемав цигари, ми дадоа од нивните, рачно замотан тутун но верувајте ни се причини неколку класи подобри од Малборо, ова е чиста вистина ако се наоѓаш на Кожуф планина-нагласи момчето. Боровинкарите со кои разговаравме покрај целата мака имаат смисла и за хумор но и за романтика. Велат дека Ски центарот Кожуф им е на дофат на раката. Берат боровинки и спроти Момина чука, спроти центарот. 25 лица побарале дозволи за берење шумски плодови25 лица во текот на оваа година побарале дозволи за берење шумски плодови од подружницата на јавното претпријатие на “Македонски шуми”, “Бор” од Кавадарци. -Една дозвола изнесува 400 денари и се однесува за сите шумски плодови и лековити растенија кои можат да се најдат во Тиквешкиот атар, најчесто на висорамнината Витачево и планината Кожуф. Се работи главно за печурки, малини и капини, боровинки, смрекинки, најразновидни билки и други плодови кои можат да се сретнат во природата-ни кажа Петко Ристовски, магистер за заштита на шуми во подружницата