Претседателот на регионалното здружение „Тиквешки лозаро овоштари“ Дано Јошев, денеска имаше средба со градоначалникот на општина Кавадарци Митко Јанчев.
Тој го информирал дека многу винарски визби и откупни пунктови не ја почитуваат договорената цена, 13 денари за вранец и 11 за смедеревка. На прес конференција тие упатија апел да се почитува договорената цена.