Денеска од 11-12 часот на Градскиот плоштад во Кавадарци беше реализирана превентивна акција под мотото: ,,Стоп за употребата на петардите,,
Акцијата беше реализирана од ученици од ООУ „Тоде Хаџи Тефов„, МВР и Општински Совет за превенција од детско престапништво на град Кавадарци. Од страна на учениците беа изработени над 50 едукативни пораки против употребата на петарди ставени во плико и преку ликовни творби, беа поделени на случајни минувачи на плоштадот. Учениците беа примени од Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев и Претседателот на Советот на Општина Кавадарци Ристо Сакалиев кои ги поздравија децата и оваа превентивна кампања.
д.к.