МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Изворната домашна храна треба да ја подготвуваме и конзумираме.Таа е поздрава од современата индустриска храна.

Буламач од Малешевијата, мариовско биено сирење, крушевски колбаси, вино од станушина од Тиквеш, колешински кикиритки, наутлија, зелник, тараненик, јајчаник, морозна погача, дроп-сарма, пашино ќофте, раванија, свадбарска алва, р`чели, тиквеник, се само некои од македонските специјалитети кои се препознатливи во нашата земја а за жал многумина особено младите не ги познаваат. „Слоу-фуд Македонија“ ја има функцијата да ја врати таа традиционална храна на трпезата.Здружението на ниво на држава повеќе од пет години работи на заштита на локалниот биодиверзитет и традициите на храна. Вкупно 75 локални автентични производи се мапирани, опишани и поголем дел од нив се внесени во меѓународниот каталог „Арка на вкусови“, а се развиени и четири проекти за развој на президиуми – здруженија на производители кои заедно се грижат за продолжување на традицијата на производство на одреден автентичен производ.Во Кавадарци овој викенд на декември се одбележа „Денот на мајката земја„ (Terra Madre Day) како манифестација која истовремено ги слави традиционалните вредности на храната и во модерното време настојува да ја поврати нејзината вистинска древен сјај.И „Слоу фуд Тиквеш“ од Кавадарци, како составен дел на семејствтвото на Европските членки на ова асоцијација, во ресторанот „Москва“ го организира нашиот “ Terra Madre Day“.Со домашна храна,производи направени на вековен начин како мед, ракија, вино, маџун,кавадречкиот Слоу фуд, одбележа 5 години од своето постоење.Со право тие, засега малку вљубеници во традиционалната храна,настојуваат на пошироката јавност да и покажат дека остануваат доследни на добрата домашна трпеза која ги одгледала нашите предци, не само на овие простори на Балканот и Европа туку и во светски рамки.Затоа треба да ги негуваме и доследно почитуваме тие вредности.Покрај традиционалната домашна храна,можевме да ги пробаме домашните р`чели на Весна Јанева од Росоман, виното и другите производи од грозје на на Винарија „Наумчеви“ и Винарија „Ерос„,маџунот на Александар Галапчев,новото зелено вино на професорот Влатко Тасев, домашното пиво „Темов“ од Скопје и производите за јадење и пиење на други кавадарчани кои учествуваа на ова презентација на вкусови.Сето беше залиено со добра песна на Зоран Станоев Дејзи и Јане Хаџинаумов.Следува видео сторија од „Денот на земјата “ во Кавадарци :