МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Oпштина Кавадарци денеска обелодени дека започнува нов проект . Со работа стартува ПОВИКУВАЧКИ ЦЕНТАР ( Кол Центар) кој на едно место ке ги собира и соодветно процесуира-и реализира (решава) , сите повици.Всушност ќе бидат примани повиците на граѓаните кои ке се јават на тел. број 13 300, за било какви проблеми во градот и општината( недостиг на улична светилка, оштетување на комунална опрема и имот во сопственот на Општината,оштетување и несостиг на сообраќајни знаци,нефукционирање на семафори,ке се eвидентираат прекршоци од областа на безбедноста во сообраќајот,и друго).Овде ке можат да се пријават и забелешките и пријавите на граѓаните опфатени со “Мој Општинар„.

-Целта е проблемите да се примаат и веднаш решаваат најбрзо што може , без погоолеми бирократски процедури-рече градиначалникот Митко Јанчев.

Кол центарот ќе работи 24 часа и овде ке можат да се следат со контрола со видео надзор, засега 20-тина локации во градот со цел да се надгледува безбедноста на улици и јавни површини каде е евидентирана висока фрекфентност на луге и возила.

Кавадарци е прва општина во ваков функционален Кол центар.

705818399999999999999999999.jpg70823787_965841980414588_3555523486979981312_n.jpg888888888888888888888339065230175528_8313004992063602688_n.jpg