МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Здружението „Борка- за секој нов ден“ денеска организира настан „Race for the Cure“- Напред розово, во рамките на 13-тата кампања за борба против рак на дојка. Од настанот се упати порака, покрај за пандемијата со ковид 19, да се води грижа и за навремено откривање на ракот. „Почитувани пријатели, медиуми, доктори, политичари, свесни сме за бремето кое го донесе ковидот, но пациентите заболени од рак не смеат да бидат заборавени поради пандемијата и секој од нив заслужува персонализиран пристап, навремена терапија, континуираност во дијагностичките процедури и достапност до најсовремените иновативни терапии“ порача Мери Парчева од кавадаречкиот огранок на здружението „Борка“. Во рамки на кампањата, од градскиот плоштад во Кавадарци беа пуштени розови балони со што започна одбележување на месец октомври, како светски месец посветен на борбата против ракот на дојка.

А.Д