МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Вчера кандидатот на градоначалник Митко Јанчев ја започна кампањата со поголемите собири со граѓаните во Ураните Заедници во градот и селата. Пред тоа беше претставен носителот на совеничката листа на ВМРО-ДМПНЕ Д-р Стојанчо Рамов и сите предложени кандидати на Советот од ова партија . ЗА денеска во 19.30 е закажан централниот предизборен митинг на ВМРО ДПМНЕ во Кавадарци а синоќа во најголемата селска населба, Ваташа започнаа средбите со граѓаните на која се обратија Диме Коцевски, кандидат за советник од ВМРО-ДПМНЕ -Д-р Стојанчо Рамов носител на советничката листа на ова партија и кандидатот за градоначалник Митко Јанчев. То на неговиот ФБ профил објави- ,, Средбите ги започнавме во село Ваташа.Започнавме со победничка Ваташа, со позитивни мисли, така и ќе продолжиме. Ваташани знаат правилно да одлучат.За сите ваташани! Број 7 , за уште поубава Ваташа.,, Митко Јанчев ги набрија проектите кои се планирани за Ваташа и Општина Кавадарци и рече; -,,2017 година кога овде зборувавме за проекти, опонентите од другата страна беа толку скептични, што мислеа дека не знаеме што зборуваме. Сега кога ја гледаме Ваташа, кога го гледаме Моклиште, изградениот кеј, изградената велосипедска патека. Споменикот на 12 сте ваташки младинци го издигнавме на едно високо ниво. Гордост е да се кажиш дека си од Ваташа и си со Ваташа.,,

243142417_3129790650578308_5082262195297521391_n 243163303_3129790770578296_3746153081455943962_n 243213610_3129790383911668_8948332000445302380_n 243294662_3129790440578329_4561063296127660478_n 243334503_3129790837244956_7670219175362572447_n