Деновиве на една од најпрометните улици во градот улицата ,,Пионерска``, се изведени сите потребни работи за замена на дотраениот асфалт, до подготовка за замена на целокупниот носечки тампонски слој и ново асфалтирање на улицата. Истата е во должина од 440м и површина од 3300м2. Прво ќе се постави носив слој од 8см БНС 22 и завршен слој АБ 11, со дебелина од 5см. Оваа реконструкција е во рамките на ,,Проектот за поврзување на локални патишта’.
Средствата се доделени од Владата на Република Македонија преку заемот на Светска банка, а ќе се реализира од страна на Министерството за транспорт и врски, со цел подобрување на локалната патна инфраструктура. Во овој проект се улиците ,,Пионерска’’ и ,,Илинденска’’.
Вкупната инвестиција чини 3.500.000 денари, а изведувач на работите е фирмата Гранит-, СООПШТУВААТ ОД КАБИНЕТОТ НА ГАРДОНАЧАЛНИКОТ МИТКО ЈАНЧЕВ.