МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Градоначалникот Митко Јанчев денеска на прес конференција на средба со новинарите соопшти за успешноста на годинашнава манифестација .На “Тиквешки Гроздоберот 2019 “се испиени над 25 илјади литри вино , на вечерта на концерот на Чолиќ присуствувале над 65 илјади гости.

„Секојдневно ги забележуваме промените кои му се случуваат на нашето Кавадарци. Се обидуваме со сите сили да работиме напорно и да постигнуваме резултати во сите сфери на општеството.

Никако не ги забораваме и културните манифестации, кои се организираат на едно високо ниво.

Изминатите денови бевме сведоци на уште еден Тиквешки Гроздобер. На мое огромно задоволство од година во година оваа манифестација организационо е се подобра и попосетена.

Кога во изминатата 2018 та година дојдовме до заклучок дека тоа беше најдобриот гроздобер до сега, можеби бевме скромни и не очекувавме дека најдоброто до сега ќе го надминеме толку брзо.

Три вечери, три сцени, различни жанрови на музика за сите вкусови. Вечерната програма уште подобра и поуспешна од минатата година.

Спортски настани, уште една успешна изложба на олд тајмери, трка со келнери и уште многу други настани преку ден.

Карневалското дефиле минатата година почна да го враќа својот сјај, годинава поголем број на карневалски групи, живописни и креативни идеи кои го збогатија дефилето низ кавадаречките улици. Сите кавадарчани и гости беа сведоци на приказната која се испишуваше под отворено небо.

Огромен успех е фактот дека во вечерта која беше најпосетена, околу 70 000 поетители, не беше забележан ниту еден инцидент. Безбедноста на сите учесници и посетители на фестивалот беше на едно високо ниво, кое треба да ни биде пример за тоа како се работи во такви услови.

На овој Тиквешки Гроздобер беа испиени 20 000 литри вино, се славеше во чест на нашиот град, се наздравуваше со чаша вино.

Да ги гледаш лицата насмеани додека прават здравица ти се полни душата.

Кавадарци се движи кон европските стандарди за организирање на манифестации. Месеци наназад се одржуваат состаноци за безбедност, хигиена, паркирање, сообраќајни проекти.

Еден макотрпен процес кој на крај резултатот ги оправдува сите вложени напори и напорно работење.

Голема благодарност до сите покровители од бизнис секторот кои и оваа година несебично го поддржаа овој настан, бројките на донации се уште се сумираат.

Благодарност до институциите кои несебично работеа пред, за време и по завршување на манифестацијата.

Гроздоберот уште не е завршен, приказната ќе го добие својот крај со доделување на благодарници за сите кои беа дел од зборовите кои ја испишаа оваа приказна.

Ви благодарам,„

69694992_2499720800251966_7290550390452387840_n.jpg

69861806_2499720830251963_6920258724170825728_n.jpg