МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На 14 ноември 2021 г. ќе се одржат избори за претседател и потпретседател на Република Бугарија заедно со вонредни парламентарни избори. Во врска со претходно наведеното Амбасадата на Република Бугарија во Скопје и Генералниот конзулат во Битола праќаат покана до сите бугарски државјани, кои поседуваат важечки документи и живеат во Република Северна Македонија да гласаат во изборните места, коишто ќе бидат отворени во различни градови на државата, како што следува:

- во гр. Кавадарци, на адреса: ул. „Никола Минчев“ ББ /х. „Уни Палас 1“

- во гр. Охрид, на адреса: кеј „Македонија“ № 2 /ресторант „Белведере“, сала 2/

- во гр. Скопје ќе се гласа во зградата на Амбасадата на адреса: ул. Златко Шнајдер № 3;

- во гр. Штип ќе се гласа на адреса: ул. „Партизанска“ 52/А-44;

- во гр. Битола, на адреса: бул. „1-ви мај“ № 53

- во гр. Прилеп, на адреса: бул. „Гоце Делчев“ № 18,

/Центар за современа ликовна уметност, Дом на културата „Марко Цепенков“ - Прилеп/.

- во гр. Струмица, на адреса: ул. „ 22 Декември“ № 8.

Изборите ќе се одржат со одобрение и соработка на официјалните надлежни институции на Република Северна Македонија во временскиот интервал од 07,00 до 20,00 часот на 14 ноември 2021 г.

При евентуален втор круг на избори за претседател и потпретседател на 21 ноември 2021 г., местата и временскиот интервал за гласање остануваат без промена.

Може да се гласа со документи за идентификација (лична карта или пасош), како и со документи, на кои важноста им измина после 13 март 2020 г. без да бидат обновени со нови.

Гласањето е уставно право на секој бугарски државјанин.