МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Петнаесетдневно континуирано загадување му се случува на градот Кавадарци, реагираа денеска од еколошкото друштво “Еко-живот” .

Претседателот на регионалниот еколошки центар Роберто Паризов нагласи дека загадувањето е 11 пати над дозволениот максимум.

-При ваква концентрација на загадување на амбиенталниот воздух, која не се однесува само на ПМ 10 честичките, со сериозност може да се очекуваат непредвидени пореметувања со здравјето, рече Паризов. Тој појасни дека во Кавадарци има цела палета од загадувачи. Посочи дека загадуваат индустријата, греењето во домаќинствата, печењето на ракија, автомобилите.

-Време е сите да го стават прстот на главата и да размислат за последиците кои загадувањето ги остава зад себе. Апелираме за поголема еколошка свест и казни несовесните кои ја загадуваат околината, додаде тој. Ова еколошко друштво делува неколку години во Кавадарци и е член на Движењето на екологистите на Македонија.

Билјана Н. Тошевски

Портал:АкtuelnObjektivno