МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Танцовиот Спортски Клуб Линеа Кавадарци е членка на Танцовата Спортска Федерација на Македонија.

Танцовиот Спортски Клуб Линеа од Кавадарци, на 20-ти ноември со свои членови, учествуваше на Меѓународниот танцов натпревар „Македонија Опен 2021“. Натпреварот беше во организација на ТСК Прима Данца од Скопје и Танцовата Спортска Федерација на Македонија, а се одигра по правилата на Светската танцова спортска федерација.

Нашите танчери се натпреваруваа во две различни дисциплини и категории, а беа предводени од нивниот тренер и кореограф Лазар Соколов. Тимот „Step it Up“ се натпреваруваше во дисциплина Латино Фитнес, категорија Младинци 1 и го освоија првото место во својата категорија.

Вториот тим „Take a leap“ се натпреваруваше во дисциплина Синхро Латино, со три различни латино танци: Ча Ча Ча, Џаив и Самба. Тие беа во категорија Младинци 2, а исто така го освоија првото место на нивната категорија. Двата тима се закитија со два златни пехари, а членовите од тимовите добија златни медали и дипломи за освоеното место.

-Напорните тренинзи и кондиционите вежби си го покажаа својот резултат„ вели нивниот тренер Лазар Соколов.

Танцовиот Спортски Клуб Линеа Кавадарци е членка на Танцовата Спортска Федерација на Македонија, а тоа пак е од големо значење за танцовиот и спортски живот во нашиот град Кавадарци. Им честитаме на освоените места и им посакуваме уште многу освоени подиуми.

Со спортски дух, напред!