Младиот уметник повторно не изненадува со нова креација
Потрошени 7 часа работа-директно на проектот ,кое можело да биде и поголемо но поради недоволно материјал се решил на ова димензија.Вака ни одговори за својата најнова интеревенција во просторот младиот ликовен уметник Пане Хаџи-Василев од Кавадарци кој е оригинален по стилот и начинот на ликовното изразување кое се овојпат е во симбиоза со музиката и нашата религија.
На новата велигденска интеревнција тој и посвети многу време.Осмислена е со 74 јајца , и според него црвените ги означуваат целите а белите половинките ноти.
Ова дело е сместено во неговиот двор на улицата „4 Јули“ во Кавадарци и според него се работи за скапа композиција
Велигденската музичко-ликовна рапсодија Хаџи Василев ја посветува на најголемиот христијански празник Велигден-во негов стил.Оригинална е и свежа, нова, креативна ликовна интерценција која одговара на празникот,времето во кое живееме, а со неа ,а него го класифицира во модерните млади ликовно-дизајнерски уметници кај нас.