МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На големиот верски празник Св.Никола ,кој е од големо значење за фамилијата Јанчеви ова година по втор пат, Фондацијата “НИКОЛА ЈАНЧЕВ” Кавадарци во насока на мисијата и визијата на фондацијата, како и според Програмата на Фондацијата за 2021 година и Одлуката на Одборот на фондацијата “Никола Јанчев” Кавадарци , финансиски средства од 1. 800 000 денари ќе се наменат за помош и поддршка во областа на здравството. Финансиските средства се обезбедени од ченовите на семејството Јанчеви и од семејната компанија ,,Кожувчанка,, . Финансиските средства ќе се наменат за набавка на опрема односно ултра звучен апарат - ЕХО, за потребите на Универзитетската клиника за Гастроентерохепатологија при ЈЗУ Клинички центар "Мајка Тереза" Скопје Македонија. Фондацијата продолжува и понатаму да дејствува во насока на помагање и поддршка таму каде што е најпотребно. Оттаму посакуваат: Среќни и весели еновогодишни и божиќни празници.

М.Д.

55775