МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Базарот на Градскиот плоштад во Кавадарци ке се одвива на 30 и 31 декември

Тоа што за Нова година ке изостанат ,огнометот,и настапот на музичарите поради пренамена на средствата за хуманитарни цели, не значи дека не можат да се одржат останатите содржини кои беа планирани а не чинат многу.

Од организаторот на Новогодишните содржини во Кавадарци на Градскиот плоштад имаме инфоермација дека веке се во тек дневните журки за децата а присуствтвото на Дедо Мраз е задолжително.Тој е секојдневно со нив се до Нова Година до последниот ден од 2016 година.

Битно е да кажеме дека за прв паст ова година на Градскиот плоштад на 30 и 31 декември по 11 часот ке се одржува Новогодишен Базар.Базарот е содржина која ја прават самите граѓани при што на овој простор ке им биде овозможено бесплатно да се продават;вино и домашна ракија,настап на помали винарии,продажба на домашни ракотворби (везени и плетени работи), сувенири, честитки,новогодишни украси,цвеќе и други предмети кои во вакви пригоди се барани од граѓаните.

Ова преставува можност да се претстават креативците, и помладите и повозрасните, истовремено да се заработи некој денар, а истовремено да се збогати новогодишната атмосвера со нова содржина.

За време на одржувањето на Базарот , и двата дена по 11 часот организаторот ке овозможи бесплатно дегустирањена храна и пијалаци на оние кои ке се затекнат на Градскиот плоштад во Кавадарци.

Истовремено додека трае базарот, на бината поставена пред зградата на Собранието ,ке се одвива програма која ја подготвија ученици од основните училишта во Кавадарци.Овде ке настапат и сите учесницви на годинашниот Меѓународен фестивал на детски песни „Гроздоберче 20916„ при што ке биде промовирано новото ДВД.

Повелете на Базар и новогодишно славје.