МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

„Од последните информации на базата на податоци UN Comtrade дознаваме дека Македонија има најниска цена, а највисока количина на извезено вино во регионот на поранешните југословенски држави. Ова е јасен показател дека цената на македонското вино е контролирана од мала група на олигарси кои ги диктираат условите и ги експлоатираат илјадниците лозари кои работат за беспари. Ние, како партија, доследно ги поддржуваме сите протести на лозарите и активно учествуваме во борбата за праведни услови. Интервениравме во насока на департизација на здруженијата на лозари, со цел да обезбедиме фер и транспарентен пазар за македонското вино. Нашата цел е да ги заштитиме интересите на малите производители и лозари и да спречиме монополистичко однесување на големите играчи на пазарот. Институционално ја поддржавме борбата на лозарите, како од парламентот така и од општинските совети. Задача на власта е да обезбеди законски и регулаторни механизми кои ќе ги заштитат правата на лозарите и ќе ја гарантираат праведноста на пазарот. Како решение, Левица предлага национализација на критичните откупни центри и производствени капацитети, изградба на државна дестилерија и законско уредување на минималната цена под која нема да има отстапувања. Овие мерки ќе обезбедат фер услови за лозарите и ќе овозможат нивниот труд да биде праведно вреднуван. Левица останува посветена на борбата за социјална правда и економска еднаквост во Република Македонија. Време е за промени и за крај на олигарсиската контрола врз нашиот труд! ЦрвеноКавадарци“ -Се наведува во соопштението на „Левица“.