МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

По рамноправните 25 мин. кавадарчани не го издржаа психолошкиот притисок

Викендов стартуваа средбите од плеј офот и плејаут групите во машката ракометна супер лига. Вардар потешко од очекувањата го совлада Охрид со 28-26. Во Битола Еурофарм Пелистер ја оправда фаворитската улога и го совлада Тиквеш со 30-25. Вториот тим на Еурофарм Пелистер загуби дома од Бутел со 31-32.Во плеј аут групата Пролет лесно го доби Радовиш со 32-22 а и Струга лесно дојде до победата над Скопје со 30-25. Шпекулациите велат дека Металург згаснува и нема да игра во плеј аутот.Ракометните прволигаши од групата А го одиграа 15 коло. Драчево беше слободно па Вардар и Младост со победите овторно се одлепија на + 3. Во Неготино Вардар со 34-20 ја декласираше Преспа а Младост едвај со 25-24 го доби Работнички. Партизан дома загуби од Јехона со 30-34 а Борец беше убедлив со 35-25 против Шампион.Во групата Б големото дерби помеѓу Голден Арт и Алкалоид ке се одигра на 10 март. Јуниор КВ го доби Текстилец со 31-23. Астраион – Куманово 21-31, Македонија ЃП - Аеродром 25-28 и Металург РА – Кичево 43-31.

м.в.