МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Инспириран од „Големата мајка„ сликарот ЛАЗАР ДОЈЧИНОВ ова древна скулптура ја „вметна „ во своите нови акварели кои се над 70 на број.Освен ,,Големата мајка„ тој во своите акварели наоѓа мотив и со теми во околината на Кавадарци, Тиквешкото Езеро, Моклиште, полињата и други места.

Инаку оригиналната скулптура од теракота е пронајдена во една куќа во неолитската населба ”Тумба” Маџари, во близина на Скопје во 1981 год. со висина од 39 см.

Големата мајка е претставена како божица на плодноста и има улога на семејно светилиште кое го чува мирот во домот. Таа е заштитничка на домот и семејството и симболизира мајка хранителка. Во Р.Македонија ”Големата мајка” (Magna Mater) е најпочитуван култ во периодот на неолитот. Првите претсото творештво тави се од 6500- 3500 п.н.е.

Големата мајка е претставена преку еден цилиндер со лик што излегува од правоаглоен постамент – куќа. Истовремено со широко отворени раце го држи покривот и како да излегува од него. Ликот е шематизиран, очите се нагласени, фризурата модерна за тоа време, мали гради и раце украсени со пластични белезици.

За неговото творештво на денот кога со одбележа 74 роденден говореа;Мирјан Мукаетова- новинар ликовните уметници Владимир Темков и Горан Боев и директорката на Домот на култрура Јулијана Туриманџова.

Во изложбата со една музичка нумера не воведе Илина Ристова со инструментот флејта.

276287387_5408806302496778_7723709041392960092_n