Ви ја пренесуваме реакцијата на членот на Советот на Општина Кавадарци, Круме Богевски за податоците од пописот на населението кои беа презентирани со пренос во живо од директорот Апостол Симовски:
„Според официјалните податоци од фингираниот попис кои ги објави Државен Завод за Статистика, во Кавадарци живеат 35 733 жители, што е за околу 3 илјади помалку од последниот попис во 2002 кога во Кавадарци се попишани 38.741 жители! Со оглед на брзата експанзија на градот, изградбата на голем број на објекти за домување во Кавадарци, како и развојот на индустријата во градот, ОЧИГЛЕДНО е дека огромен број на жители НЕ ОТВОРИЛЕ ВРАТА!Не смее да се дозволи да се провлече овој попис како веродостоен! Секој кој го признава пописот е непријател на Македонија, а особено жителите на Кавадарци кои се меѓу најодговорните МАКЕДОНЦИ кои ги почитуваат своите граѓански обврски и даваат огромен допринос во развојот и просперитетот на Република Македонија!Кавадарци натаму заслужува развој кој треба да акомодира над 40 илјади жители, со буџетски импликации кои одговараат на бројот на жители, а граѓаните на Кавадарци очигледно го бојкотираа овој попис во знак на протест на несериозната методологија со која ДЗС го “реализираше“ пописот во режија на СДС и ДУИ! Советникот Круме Богевски беше доста активен и во критиката на несоодветната методологија со која се служеше Државен Завод за Статистика за време на пописот! Неговата колумна .
Апелираме на транспарентно и непристрасно информирање во насока на обелоденување на податоците од пописот и реакциите на политичките субјекти при прифаќањето на податоците од пописот!„
- се наведува во рекцијата која до РТК.МК на испрати паријата „Левица“-ЛО Кавадарци Сектор за комуникации.