МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев заедно со поглаварот Реис-ул-улема -Поглаварот на ИВЗ Шаќир Фетаху го ставија објектот во функција.

Вчера и официјалнио беше ставена во употреба новоизградената капела на муслиманските гробишта во Кавадарци. Специјален гостин беше поглаварот на ИВЗ -Реис-ул-улема Шаќир Фетаху кој заедно со градоначалникот Митко Јанчев го предаде објектот на користење. Јанчев во оваа пригода истакна дека во Кавадарци се почитуваат сите без разлика на вера и националност и истакна дека нашиот град веке шеста година е домаќин на ифтарската вечера. Реис-ул-улема Фетаху напомена дека покрај ифтарската вечера специјално е дојден да му оддаде почит на градоначалникот Јанчев кој за него е пример кој треба да го следат и другите градоначалници како треба да се негува соживотот меѓу граѓаните од различна вера и националност

М.В.