МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Соопштение

Фабриката Дрекслмајер во Куманово е комплетно покриена со фотоволтаици и преку искористување на сончевата енергија придонесува за поголема одржливост и заштита на животната средина.

Куманово, 21 јули

– Од јули годинава компанијата Дрекслмајер на локацијата Куманово се снабдува со електрична енергија исклучиво од обновливи извори. По претходно направена анализа од страна на стручни лица, развиено е специфично решение врз основа на кое на кровот на објектот е поставен фотоволтаичен систем со што е овозможено максимално искористување на потенцијалот одсончевата енергија.Заштитата на животната средина е основа за одржлив развој и е од суштинско значење за Дрекслмајер Групацијата. Преку одговорно однесување, компанијата се стреми да ги исполни економските, еколошките и социјалните стандарди.

- „Снабдувањето со електрична енергија од целосно обновливи извори на енергија е во согласност со нашата корпоративна стратегија. Во контекст на најголемите глобални предизвици, Дрекслмајер дава важен придонес во заштитата на животната средина. Веруваме дека со овој чекор ќе придонесеме за подигнување на свеста за искористувањето на обновливите извори на енергија и поголема заштита на животната средина“, истакна Лукас Мирингер, генерален директор на Дрекслмајер Македонија.

Тој додаде дека овој потег, исто така, ќе придонесе за зајакнување на довербата кај клиентите на компанијата. „Ние се фокусираме на систематско намалување на емисиите на јаглероден диоксид и со зголемена употреба на одржливи материјали и процеси на нашите клиенти им нудиме решенија за поодржливи производи“, додава понатаму Мирингер.

Групацијата ги следи целите на Парискиот договор за клима и најдоцна до 2050 година, преку намалување на емисијата на јаглероден диоксид се стреми да придонесе во неутрализирање на климата. Стратешките мерки за ефикасност во логистиката и производството, како и еколошкиот извор на енергија на нашите локации ги сметаме за наша обврска. Одржливоста, преку глобално утврдени и стандардизирани процеси, е исклучително важен сегмент во развојот на Дрекслмајер.

Групацијата е посветена на одржливо корпоративно управување, а својата иновативност ја фокусира кон одржливи решенија за иднината на автомобилите, истоовремено комбинирајќи современатехнологија со високи перформанси и елегантен дизајн.

на зелена енергија во Дрекслмајер Куманово