МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Кој ке игра во првата лига директно или преку бараж а кој ке испадне ке се знае дури по последното коло

Второлигашите исто како и прволигашите ке го одиграат предпоследното 26 коло. На истокот се води жестока битка како за врвот така и за опстанок. Победа е лидер и го пречекува Пехчево кое се бори за опстанок. Слога е втора со бод помалку од Победа но и гостува на Беласица која е трета и има два бода помалку од Слога. Осогово е најблиску до изпаѓање но го пречекува најблискиот конкурент Детонит кој има 3 бода повеке. Доколку Осогово победи а Пехчево загуби во Прилеп три екипи ке имаат по 30 бода па одлуката кој ке се пресели во третата лига заедно со Братство и Локомотива ке падне во последното коло. Токму новите третолигаши ке играат меѓу себе во Градско а Саса ке го пречека Кожув.На западот Вардар и Воска ке се борат за баражот. Во ова коло Вардар го пречекува Силекс кој веке е нов прволигаш а Воска ја пречекува Беса. Кадино и Велешта веке испаднаа а во ова коло играат меѓу себе. Третата екипа која ке се пресели во понизок ранг ке биде или Охрид или Кораби. Охрид во ова коло му гостува на Гостивар а Кораби му гостува на Тетекс Кораби на табелата има 2 бода помалку од Охрид и во последното коло ке игра со Вардар кој жестоко се бори за баражот.

М.В.