МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Три дена се замрзнати вентили, цефки и други водоснабидителни објекти.Се апелира ноќта да не се оставаат чешмите да течат

Денеска попладне во 17 часот вода се очекува да има кај сите потрошувачи.Ова е најважното од денешната прес конфереенција на градоначалникот Александар Панов, која имаше за цел да биде запознае јавноста со проблемите кои ги направија ниските температури врз водоснабдувањето.

-Кавадарци веке три дена се соочува со овој проблем, вели Панов и додава дека први тоа го почуствувале жителите на Возарци кои се снабдуваат со вода од линијата за Фени.Во саботата по паѓањето на температурите под 25 и 30 степени започнале да замрзнуваат воздушните вентили на „Лукар„ и “Тиролскиот зафат“.По стартувањето на новата линиуја во систесмот со дополнителни 50 литри во секунда, состојбата е ублажена но сепак водата замрзна и ја снема кај граѓаните кои живеат по високите катови и Високата зона.На ваквата состојба дополнително му „кумуваа„ самите граѓани кои оставија ноќта да течат славините за да не замрзнат.Ете таа потрошувачка, која е рамна на летна потрошувачка на вода, директно влијаеше да остане градот без вода.Енормната потрошувачка, која некои ги штитеше од замрзнување , за жал остави цели реони без вода.

Во тој пртавец препораката, ако сакаме да бидеме солидарни :да не се практикува овој начин на оставење на водата во ноќните часдови, затоа што тоа директнио влијае на состојбата на теренот.

Во каква состојба со температури под 10 степени, не функционираат автоматските воздушни вентили, туку тие деновиве, денеска и утре , рачно ке се управуваат од вработени во „Комуналец„, кои моментно се на Лукар и Тиролскиот зафат, и ке настојуваат до крајот на овој ден сите да добијат санитарна вода.