„Имајќи предвид дека надоместот за престој и исхрана на децата во градинка е дестимулирачки за голем број семејства, Левица - Кавадарци поднесе иницијатива престојот да биде ослободен од партиципација!Доколку има пари во Буџетот на Општина Кавадарци за субвенционирање на јавен паркинг кој всушност е алатка за комерцијализација на јавен простор, има пари и за субвенционирање на престојот на децата во градинка!Доколку државата има пари за да исплаќа огромни патни трошоци на пратениците, има пари и за субвенционирање на престојот на децата во градинките!“
Во образложението на Лрвица-Кавадарци за овца иницијатива се наведува;:
“Со престојот на децата во градинките се создаваат предуслови за сите нивни подоцнежни успеси во образованието, социјалната интеграција и работливоста. Градинките немаат само згрижувачка улога, туку исто како и основното образование, имаат воспитно-образовна и спортско-рекреативна улога, преземајќи вклучително и културно-забавни активности, мерки за поттикнување на интелектуалниот, емоционалниот, физичкиот, менталниот и социјалниот развој на децата. Имајќи предвид дека основното образование согласно Уставот е бесплатно, а ценејќи ја претходно наведената улога на градинката во развојот на децата, логичен след е и овој дел од образованието да биде бесплатен.
Надоместокот кој е дестимулирачки за голем број семејства во нашата општина, оневозможува голем број деца да посетуваат образовни активности од најмалата возраст. Ваквиот пристап, ја става Општина Кавадарци во редот на општини што со мал процент на високо образовани кадри, односно младите во Кавадарци се задоволуваат со завршено средно образование, да го завршат процесот на едукација. Сметаме дека коренот на ваквата состојба е доцнењето во образовниот процес на децата.
Свесни за тоа дека, Општина Кавадарци не е општина во којашто живеат богати луѓе, туку населението во голема мерка спаѓа во онаа група којашто прима минимална плата, должност наша е да обезбедиме генерациите коишто доаѓаат да имаат подобра егзистенција и перспектива. Ова, мора да го оствариме со надминување на бариерите кои ги ограничуваат семејствата со скромна живеачка да ги користат градинките како место за згрижување и образование на децата од најмала возраст. Минималните плати, обременети со сѐ поголеми трошоци за живот, не овозможуваат да се издвојат средства за партиципација во градинките, па децата на овие бројни семејства во најраната возраст се згрижуваат најчесто кај постарите членови од семејството.
Во неколку изборни циклуси и двете наизменично владејачки партии истакнуваа дека престојот на децата во градинките мора да биде бесплатен. Овој пат со оваа Инцијатива се повикуваме на Вашите заеднички ставови и сакаме истите да ги реализираме во нашата општина.
Веруваме дека Со реализацијата на бесплатен престој на децата во градинка, како општина ќе бидеме лидери во Македонија, а на долги стази ќе имаме поедуцирано население.!„
Левица-Кавадарци 18.05.2022