МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Денеска се случила несреќа во која двајца гарадежни работници загинале.Тие работеле на градежен објект-зграда , во Кавадарци. Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на лице место на локацијата каде утринава, при извршување градежни работи, се откачи дигалка – кран, при што двајца работници од Скопје го загубија животот.

Едниот од загинатите работници бил на возраст од 30, а другиот од 50 години. Во несреќата не се повредени други лица.

Јавниот обвинител издаде наредби за обдукција на телата на починатите. Локацијата се обезбедува, а надзор на лице место ќе извршат и надлежни инспекциски служби. Со цел утврдување на причините за несреќата ќе биде издадена наредба за вештачење, а во меѓувреме надлежното обвинителство прибира вербални и материјални докази за испитување на сите околности.

изјава од МРВ.