Митков е “дете“ на Тиквеш а лани настапувааше во екипата на Локомотива од Градско
Влатко Костов продолжува да го составува мозаикот за следната сезона. За та цел вчера клубот потпиша и со Кире Митков кој потекнува токму од кавадаречкиот прволигаш. Митков своите почетоци ги направи во пионерските категории на ГФК Тиквеш. Неговиот талент не остана незабележан и беше ангажиран во младинските категории на ФК Академија Пандев. Митков минатата сезона настапуваше во втората лига каде со успех ги бранеше боите на Локомотива од Градско од каде се враќа во својот матичен клуб.
М.В.