МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Попладнево од Кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев и од ВМРО ДПМНЕ - ОК Кавадарци ни пстистигна ова соопштение, а во врска со дописот на пратеничката Даниела Колева објавен на социјалните медиуми:

Интегрален текст:

„Почитувани сограѓани, како градоначалник на општина Кавадарци заедно со претседателот на советот д-р Стојанчо Рамов,од страна на пратеничката Даниела Колева во преписка по социјалните мрежи сме повикани од нејзина страна да осудиме говор на омраза и некакви закани на советник во општина Кавадарци од редовите на ВМРО-ДПМНЕ .

Иако немам обврска на вакви неаргументирани и неартикулисани дописи по социјалните мрежи да одговарам со единатвена цел за да не се шири невистина и граѓаните да не се доведуваат во заблуда, во интерес на вистината и на демократијата а пред се обврска према вас граѓаните на Општина Кавадарци, бидејќи мандатот ни е добиен пред се од вас ВЕ ИНФОРМИРАМ за следново:

Пратеничката Даниела Колева нема доставено никаков допис или писмено барање до Советот на Општина Кавадарци, ниту до мене како градоначалник.

2.Пратеничката Даниела Колева бара нешто а изгледа незнае што бара, бидејќи во преписките кои таа како пратеник ги шири по социјалните мрежи најнапред

а) НЕ наведува за кој советник во Советот на Општина Кавадарци станува збор.

б)НЕ наведува кој е тој говор што треба од наша страна да се осуди?

в) Во своето обраќање преку социјалните мрежи пратеничката Даниела Колева се заканува со некакви кривично гонење.

Почитувани сограѓани ваквото однесување со ширење невистини и стварање на заблуда во јавноста од страна на пратеничката Даниела Колева е недопустливо. Нејзиниот имунитет не и го дозволува тоа бидејќи како пратеник таа не сноси одговорност единствено за кажан збор на говорница во Собрание , а дека тој имунитет ја штити и дека може се и сешто да кажува по социјалните мрежи и како пратеник смее да ја доведува јавноста во заблуда и да поттикнува меѓусебна омраза на населението и тоа во овие моменти од политичките збиднувања во Македонија е незаконски.

Затоа ги повикуваме ОЈО Кавадарци и МВР Кавадарци по допрен глас и да превземат соодветни дејства спрема пратеничката Даниела Колева според член 394-г од кривичниот законик,Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем.

Митко Јанчев

ВМРО-ДПМНЕ ОК Кавадарци“

Се наведува во соопштернието од Јанчев и од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци.

293616524_415642673943918_8487502809250103322_n 294319456_415642823943903_8258690636020239693_n