МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Новица Трајковски промовираше 5 нови дела а Гоце Божурски не запозна со наивното сликарство и скулптура Настанот се одржа во „ВИНСКИОТ МУЗЕЈ“ .

Синоќа во рамките на ликовната колонија Кавадарци Михајлово 2022 во Вински Музеј за регион Тиквеш - Кавадарци беше отворена Самостојна изложба на Новица Трајковски насловена како "Македонија". Изложбата вклучува пет дела и е посветена на убавините на Тиквешкиот регион и богатото културно наследство во делот на винарството и лозарството. Делата имаат свои имиња и тоа Благослов, Македонија, Убава е Македонија, Тиквешанка и Нафора и се создадени оваа година 2022 и инспирирани токму од убавините на Тиквешијата а сите дела се насликани во техника масло на платно.

Паралелно со изложбата беше промовирана и книгата “Наива - наивното сликарство и скулптура во Македонија“ од познатиот македонски ликовен уметник и историчар на уметноста Гоце Божурски. По првиот посериозен исчекор со монографскиот текст за надреалистичниот сликар Иван Оцепек-Цицо, ги има објавено монографиите за „последниот македонски кубист“ Реџаи Исени, За Димитар Стојчевски, потоа за Добри Трендафиловски – Добрин, за Ѓорѓе Шијаковиќ, книгата „Арт Мемориам“-посветена на творештвото на најстарата генерација современи кумановски сликари, како и книгата Наива која опфаќа триесет македонски уметници од оваа област. Следниот месец треба да ја објави и монографија за Крсто Славковски, нашиот најзначаен скулптор-наивец.

На овие настанни пред присутните се обратија директорката на Вински Музеј Г-ѓа Весела Честоева, Директорката на домот на културата “Иван Мазов Климе“ Јулијана Тулиманџова и авторите на Изложбата и на книгата.

М.В.