МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во известувањето од Основното јавно обвинителство Кавадарци се наведува;

„Првичниот наод од обдукцијата врз телото на починат маж, кое беше пронајдено во семејна куќа во Кавадарци на 8 септември, покажа дека починатиот бил лишен од живот со повеќе убодни рани, а потоа бил запален.

Со оглед на утврдените факти, Основното јавно обвинителство Кавадарци презема интензивни дејствија за откривање на сторителот или сторителите.

Веднаш по пронаоѓањето на телото беше извршен увид на лице место, а сега по наредба на јавниот обвинител се вршат и дополнителни увидни дејствија и разговори со повеќе лица.„ се наведува во соопштението објавено на веб сајтот на обвинителствтото.

Инаку починат маж, беше пронајдено во семејна куќа во Кавадарци на 8 септември годинава.