МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

„Почитувани,

Советот на Општина Кавадарци едногласно изгласа против барањето за пренамена на земјиштето на ИГМ од Г2 во Г1.По ова прашање нема потреба повторно да се дискутира или да се прегласува.

Јас како Градоначалник на Општина Кавадарци во целост го почитувам и се согласувам со мислењето на советниците во Советот на Општина Кавадарци. Никој не може да придонесе во нарушувањето на квалитетот на живот на кавадарчани, без разлика дали се работи за премиер, градоначалник, советник или бизнисмен.Здравјето и квалитетниот живот на граѓаните на Општина Кавадарци е секогаш на прво место.

Со почит,ГрадоначалникМ-р Митко Јанчев -„

- Се вели во обраќањето до јавноста на градоначалникот Митко Јанчев во врска со , во последно време зачестените шпекулации за неговиот став околу пренамената на земиштето на ИГМ од Г2 во Г1.