МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

По третпат Јован Гогов од Ваташа го фаќа крстот во водите на ова вештачка акумулација .

И годинава беше богојавленски– свечено на ова локација каде е мошне атрактивно да се посматра чинот на светата служба на свештениците и потоа самото потопување на крстот.Инаку на ова манифестација и претходеше Света литургија во црквата Света Богородица во село Ваташа.

На светиот чин на Моклиште присуствуваа голем број верници од Ваташа и Кавадарци кои овде дојдоа и покрај големиот снег кој падна ноќта пред тоа.Членови на подмладокот на Црвениот крст на оние на кои им беше студено им понудија топол чај.

Инаку среќниот Гогов на сите им посака добро здравје.Од Локалната самоуправа и градоначалникот заслужено доби тв приемник и неколку други подароци од спонзори .

Градоначалникот Панов рече дека Општината ја подржува и манифестацијата на Водици во Моклиште.