Денеска во Кавадарци во просториите на училиштето, беше потпишан меморандум за соработка помеѓу СОЗШУ „Ѓорче Петров“ застапувано до директорката Ратка Росомански и „Здружение Винари од Македонија“ застапувано од претседателот Игно Тасев. Со потпишување на меморандум досегашниот, взаемен однос за остварување на долгорочна научна, техничка, образовна и апликативна соработка денес беше официјализиран и подигнат на повисоко ниво. Во рамките на соработката претставници од „Здружението“ се поканети на претстојниот голем настан „Младо вино“ кој ќе се одржи следната недела, како стручно жири при оценување на вината поризведени од наши ученици.Во иднина се очекува уште поголема и поплодна соработка.