МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Компанијата обезбеди нови постелнини за болниците во Кавадарци, Велес, Прилепи Неготино- DRӒXLMAIER Македонија обезбеди нови комплет постелнини за општите болници во Кавадарци, Велес, Прилеп иНеготино. Околу 90 сетови составени од креветски чаршаф и навлаки за перници се распределени во медицинските оддели на секоја од здравствените установи во споменатите региони со што ќе сеподобрат болничките услови за престој на пациентите. Континуиран придонес за унапредување на јавното здравје“Особено ни е драго што имаме можност да дадеме свој придонес кон унапредувањето на јавното здравје. Изминатите неколку години нѐ научија дека мора заеднички да делуваме во насока назаштита на здравјето и заедно да придонесуваме за подобро секојдневие“, рече Лукас Мирингер,Генерален директор на DRӒXLMAIER Македонија. Преку овој вид на донации дополнително се зајакнуваат и болничките капацитети, а со тоа сеовозможува и подобрена задравствена услуга за пациентите. DRӒXLMAIER ја препознава потребата за поддршка на јавните здравствени установи„Важноста на постоењето на општествено одговорни компании кои го поддржуваат јавното здравствое од големо значење. DRӒXLMAIER Македонија во сите овие години покажа и докажа дека е сигурен партнер на регионот. Се радуваме на одличната соработка којашто ја воспоставивме и сме неизмерно благодарни за поддршката што ни ја дава“, вели Др. Билјана Филипова, директор на општата болница во Неготино. Кети Смилеска, директор на општата болница во Прилеп смета дека за поздравување е фактот што странските компании основани во земјава ја препознаваат потреба за поддршка на јавните здравствени установи кај нас. „DRӒXLMAIER Македонија во неколку наврати досега, по сопствена иницијатива, овозможи поддршка за прилепската општата болница“, потенцир Смилевска изразувајќи благодарност до компанијата со желба за понатамошна успешна соработка.DRӒXLMAIER претходно обезбеди медицински апарати соодветни на потребите на јавните здравствени установи во регионот, а не изостана ниту поддршката за време на кризата предизвиканаод Ковид-19 преку овозможување заштитна и друга медицинска опрема за потребите на медицинскиот персонал и пациентите.thumbnail (1)