По повод месецот на младо вино и традиционалното одбележување на производство на вино,во Вински Музеј за регион Тиквеш - Кавадарци реализиран е ГУРМАНСКИ ВИКЕНД "ВИНОТО - НЕРАСКИНЛИВ ДЕЛ ОД ТРАДИЦИЈАТА". Посетителите дегустриаа млади вина од повеќе винарии во Тиквешијата а вкусија традиционално зготвена храна . Настанот го отворија директорката на Винскиот музеј, Весела Честоева и претседателот на Кавадаречкиот совет, Д-р Стојанчо Рамов Манифестацијата, која ке стане државен настан се одржа во дворот на Вински Музеј за регион Тиквеш , а истиот беше збогатен и со музички перформанс.