фото/ архва
Согласно известувањето од Оделението за мониторинг на квалитет на воздух сектор македонски информативен центар за животна средина при Министерство за животна средина и просторно планирање и согласно Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) во која е дефиниран прагот на информирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри g/m3m (надминување на вредноста од 150 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, од Општина Кавадарци на граѓаните им препорачуваме :
-Возила да не се користат без поголема потреба.
Да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал П-равилно да се користат печките за дрва (види брошура).
Во вакoв случај Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје на РМ ги даваат следните Препораки:
-Ограничени движења и активности на отворен простор на најранливата популација (деца, стари лица, болни од хоронични болести на белодробниот и срцевиот садовен систем, со посебен ризик за болните од бeлодробна астма), но и за лицата кои својот професионален ангажман го обавуваат на отворен простор во загадените зони на градот