„На 20.01.2023 во 14.00 часот било пријавено дека на патниот правец од Кавадарци кон с.Ресава, во месноста викана “Црвена земја“, Љ.К.(54) управувајќи трактор “фергусон“, се обидел да извлече од нива патничко моторно возило “шкода фаворит“ при што изгубил контрола над тракторот и се излизгал и превртел. На местото на настанот починал Љ.К., а од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР-Кавадарци.„ се наведувА во Билтенот и се додава дека
„На 20.01.2023 во ОВР Кавадарци полициски службеници извршиле службен разговор со Т.М. (62) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава од Центарот за социјани работи во Кавадарци за сексуална злоупотреба на малолетничка. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок од ОЈО Кавадарци.„
Во билтениот на МВР од 21 јануари се инфомира и за тоа дека на „На 21.01.2023 во 05.25 часот Ѓ.Ј.(34) од Кавадарци пријавил дека околу 04.10 часот во Кавадарци на паркинг пред угостителски објект бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.„ се наведува во Билтенот на МВР.