Општина Кавадарци во соработка со СОЗШУ ,,Ѓорче Петров" продолжува со пошумување на околните сливни подрачја кои се наоѓаат на источната страна од градот како мерка за заштита од ерозија. Заедно со учениците од Средно шумарската струка се пошумува на м.в. Глишички рид и се посадуваат садници од багрем, чемпрес и црн бор. Оваа акција ќе продолжи и во наредните денови и на други слични подрачја, каде ќе бидат засадени вкупно 5000 садници.