МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Познатиот ликовен уметник Лазар Дојчинов на нашата публика и се претстави со нови сликарски дела.Во Галеријата на Домот на културата на ден пред неговиот роденден Дојчинов ни го приближува акварелот во сите тематски определби од боите до инспирациите.Изложбата ни нуди можност за поблиско запознавање со даровитата способност на уметникот, кој долги години успешно твори. На отварањето на изложбата говореше директорката на Домот на културата Јулијана Туриманџова а актерката Илова и ученици од Гимназијата читаа поезија.Дојчинов со пригодни зборови им се заблагодари на оние кои активно го поддржуваат во творештвото. Пепи и Ано професионално настапија со музика за душа.