Пожарот кај селото Брушани, кај Тиквешкото Езеро каде вчера пожарникарите интервенираа во два пати , е локализиран дури утрово во 04.00 часот.
Од ЦУК информираат дека пожарот го гаснеле пожарникарите од ТППЕ Кавадарци и тимот на подружницата „Бор“ на ЈП „Национални шуми“.
Во моментот нема потреба од ангажирање на хеликоптери.
Да потсетиме вчера попладне, беше добиена првата пријава за шумски пожар кај с. Брушани. каде што горела нискостеблеста шума и сува трева на површина од 4 хектари. Во гаснењето на пожарот интервенирале 6 пожарникари со 2 ПП возила од ТППЕ Кавадарци, 4 лица со 1 теренско возило од ЈП „Национални шуми“ подружница „Бор“ од Кавадарци. Пожарот на таа локација е изгаснат во 19:00 часот.
Во 21:30 часот, добиена е дојава дека повторно кај с. Брушини, само на различно место од претходното најверојатно е препален пожарот покрај Тиквешкото езеро, Општина Кавадарци. Интервенираат 8 пожарникари со 2 ПП возило и една екипа од ЈП „Национални шуми“ подружница „Бор“ од Кавадарци. Пожарот се простирал на непристапен терен и горела смрека.
По ангажманот на пожарникарите од Кавадарци и тимот на „Национални шуми“ од подружницата „Бор“, пожарот - е локализиран во 04.00 часот утрово. Известени се СИКС на МВР дека во моментот нема потреба од ангажирање на хеликоптери, додаваат од ЦУК.