Судијата на претходна постапка Лидија Ридова на ден 15.08.2023 донесе Решение за определување мерка Притвор
„Постапувајќи по предлогот на ОЈО Кавадарци за постоење основано сомнение за сторено кривично дело Силување на дете кое не наполнило 15 години по чл. 188 ст.5 вв чл. 45 ст.1 од КЗ, а во согласност со чл. 165 ст.1 т.1 и т.2 од ЗКП и чл. 162 вв чл. 69 ст.4 од ЗКП, судијата на претходна постапка Лидија Ридова на ден 15.08.2023 донесе Решение за определување мерка Притвор во траење од 30 дена спрема лицето Ѓ.М. од Кавадарци на возраст од 42 години.„ -се наведува во известувањето на Веб страницата на Основен суд Кавадарци.
Во врска со овој слулчај соопштение има од од ПС од ОН Кавадарци:
„На 15.08.2023 во 09.20 часот во Кавадарци, врз основа на наредба од Основното јавно обвинителство Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Ѓ.М.(42) од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 188 став 5 во врска со член 45 став 1 од Кривичниот законик. Лицето било изведено пред судија на претходна постапка, кој му определил мерка притвор, по што бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката притвор.