МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Пазарот во Кавадарци во текот на историјата три пати ја менувал својата местоположба. Најпрво во периодот од крајот на 19 век па до завршување на Втората светска војна бил пред Чарши џамијата или пред денес хотел Балкан. Втората локација била од источната страна на зградата на Собранието и третата е денешната локација. Фотографијата е од 1961 година кога и започнува пазарот да работи тука а ја снимил Бранко Ивановски.

П.Камчевски