МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Соопштение за медиуми

Новоименуваната амбасадорка по прв пат гостинка на DRӒXLMAIER локацијата во Кавадарци

Амбасадорката на Сојузна Република Германија Петра Дрекслер ја посети DRӒXLMAIER фабриката во Кавадарци, која како германска инвестиција, во земјава успешно функционира повеќе од 10 години.Амбасадорката се запозна со принципите и вредностите врз основа на кои се темели работењето на компанијата, а преку воведна презентација се запозна и со најважните моменти од основањето на компанијата, но и со тековните и идните стратешки проекти.Амбасадорката Дрекслер беше дочекана од страна на менаџментот на DRӒXLMAIER Македонија, а за време на обиколката низ фабриката предводена од страна на Генералниот менаџер Лукас Мирингер, таа доби целосна слика за производствените активности кадешто се произведуваат производи наменети за премиум сегментот во автомобилската индустрија.

-„Особено ни е драго што имавме можност да ѝ посакаме добредојде на амбасадорката Дрекслер во нашата фабрика во Кавадарци. На средбата разговараме за најважните аспекти за нашата компанија кои се фокусираат на нашите вработени, а таа доби сознанија и за идните проекти, перспективи и планови“, рече Мирингер.

Дрекслер беше запознаена со бројните проекти за поддршка на регионот и заедницата иницирани и реализирани од страна на DRӒXLMAIER со целосна поддршка од страна на вработените во компанијата. Амбасадорката беше особено заинтересирана да поразговара и со учениците кe посетуваат практична настава според германскиот модел на дуално стручно образование којашто сереализира во специјализираната училница во рамки на фабриката.

-„Стекнав одличен впечаток за целокупната организација на DRӒXLMAIER во Северна Македонија.Добро е што има германски компании овде во земјата кои се залагаат за општествено одговорно претприемништво. За една компанија која е странска инвестиција, особено е значајно што преку различни проекти и форми на соработка придонесува за развојот на економијата, а со тоа остварува поддршка за регионот и заедницата кадешто делува. Иднината, секако, е во рацете на младите луѓе.Драго ми е што DRӒXLMAIER го препознава тоа и преку успешно спроведување на германскиот модел на дуално стручно образование придонесува за создавање перспективи за иднината на младите луѓе и истовремено создава кадри кои ѝ се потребни на соодветната индустрија“, вели амбасадорката Дрекслер.

Ова е прва посета на амбасорката на Сојузна Република Германија во земјава по преземањето на функцијата во април годинава.Мирингер ја предводеше обиколката низ производствените капацитети на фабриката особено се интересираше да поразговара со учениците