Денеска градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев заедно со директорот на Агенција за млади и спорт Наумче Мојсовски, пратениците и советниците и други граѓани, го означија почетокот на изградбата на затворениот базен во Кавадарци. Овој затворен базен, значи нова содржина за сите категории на граѓани и за најмладите и за повозрасните. Покрај во Кавадарци, затворен базен Агенцијата за млади и спорт гради во Карпош и Струмица. Инвестицијата е во вредност од над 50 милиони денари, и треба да биде изграден до почетокот на наредната учебна година.