Иако благовремено најавена,за денеска во 12 часот,поради слаб интерес,не се одржа Јавната расправа за aeро загадувањето на Кавадарци
Големата сала на Општина Кавадарци денеска беше празна напладне , време во кое беше предвидено да се одржи Јавна расправа која ја организира Локалната самоуправа и градоначаникот и ЕД „Еко живот„ од Кавадарци и други субјекти, со цел јавно да се проговори за изворте за загадување на Кавадарци, да се расправа за промена на постојниот ЛЕАП со нов кој ке биде адекватен на приликите во ова област.
За жал интерсот беше слаб, и јавна распорава не се одржа.Изненадува овој факт со оглед на големата заинтересираност на кавадарчани особено на социјалните мрежи, и приватните дебати.Сега кога требаше јавно да се проговори, и сублимираат некои податоци и идеи, нема интерес.
Организаторите потврдија дека ке се направат обиди за нова средба на ова тема, со промена на терминот.Откажување од иницијативата нема затоа што интресот на сите е заеднички, да дишиме чист воздух.
Изјава на Роберто Паризов-претседател на ЕД„Еко Живот„-Кавадарци.