Вечерва во Кавадарци во полна сала премиерно беше прикажана комедијата „Каша и кубаси“на сцената на театарот при Домот на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци.
Ова претстава ја режираше и играше во неа Диме Коцевски, омилено лице во нашиот тетар , по 1,5 година поради отсуство. Делото е е работено според текст на Золтан Егреши, а во режија на Диме Коцевски кој пак го сработи со Домот на културата „Мирка Гинова“ од Демир Капија .
Се работи за комедија која има главно спортска приказна но може да се вклопи и во друг контекст.Сепак основата е спортот, или како изгледа ,,кроењето,,политики и кариера во фудбалското судење.Актерска екипа во „Каша и кубаси“ се: Видан Станоев, Александар Видиков, Саше Орешков, Диме Коцевски и гостинот од театарот при домот на културата „Мирка Гинова“ од Демир Капија, Томе Атанасов- Сабро. Ова претстава ја продукција на Домот на културата во Кавадарци, а копродуцијата е на Домот на културата во Демир Капија.
Одлична игра на Видан Станоев, кој ги изнасмеа гледачите кои уживаа во неговите реплики, но на висина на улогата беа и Алексндар Видиков и Атанасов Томе од театарот од Демир Капија.
Кавадарчани се големи љубиутелки на тетарот за што можевме и сами да се увериме, како реагуираа , но биден е и фактот ,за посветеноста кон тетатарот , со распродажбата на првата реприза и големкиот интререс за наредните веќе закажани премиери до крајот на годината.
Добро е што Диме се врати со овој театарски проект.Од друга страна добро е што Коцевски се сретна со театарската публика.Позитуивен момент значаен за нашето културно живеење кое има голема традиција.