МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Филипче го вреднуваше трудот на приватните специјализанти, вели Георгиева од ЗЛС

Исплатата на месечен надомест за приватните специјализанти, во висина на просечна плата, започна во мандатот на Венко Филипче. Пред 2018 година оваа категорија на лекари беа социјални случаи бидејќи не добиваат ништо за својот труд, вели д-р Александра Георгиева од Здружение на лекари специјалзианти (ЗЛС) во „Студио 10“ на Телевизја 24.„Во Македонија пред 2018 година не постоеше никаков надоместок за приватните специјализанти, значи таа категорија на лекари беа социјални случаи. Тоа е и „лајтмотивот“ позади основањето на Здружението на лекари специјализанти да се подобри ситуацијата на најзагрозените лекари во Македонија, тогаш министер за здравство беше доц. Венко Филипче, со него започна програмата за исплата на платен надоместок и беше договорено во Министерството за здравство дека исплатата ќе биде на ниво на просечна плата во зависност од годината на исплаќање“, вели Георгиева од ЗЛС, за „Студио 10“.

Во 2020 година, Филипче по преговори со ЗЛС, на младите лекари, приватни специјализанти, почна да им се плаќа и здравствено осигурување, а добија и платени дежурства.

„Во 2020 година беше воведено здравствено осигурување и платени дежурства, претходно дежурствата не беа плаќани воопшто, значи без разлика дали имате 5 или 10 или 15 ноќни смени, платата беше таа фиксна од 26.000. За жал денес во 2024 здравственото осигурување беше укинато без да ни биде дадено образложение зошто е тоа така, а исплатите за дежурства знаат да каснат и повеќе од 4 месеци“, вели д-р Георгиева.

Приватните специјализанти денеска излегоа на протести, зад нивните барања застана и поранешниот министер за здравство, познатиот неврохирург Венко Филипче. Им даде поддршка во барањата за покачување на примањата, согласно растот на платите, како што беше во неговиот мандат.