Откако беше извршено тампонирање, деновиве се поставуваат ивичњаци, по што следува асфалтирање на патот во должина од 600 метри. Финансиската конструкција изнесува 6.000.000 денари од кои 2.000.000 денари се од Биро за регионален развој, а останатиот износ е од Општина Кавадарци. Изведувач на работите е фирмата "Градба промет".