МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Едно од настарите претпријатија во Кавадарци -Водостопансво „Тиквеш„ се обидува да опстои,затоа што тоа е генератор на земјоделието во Тиквешијата.Со тоа девиза се наметна и со својата работа се очекуваше да биде наименуван новиот директор на подружницата во Кавадарци Наце Ризов.Кога деновиве се сретнавме со него, тој беше дециден дека ХМС „Тиквеш,,мора да работи а земјоделците мора да имаат вода по 1 април, кога започнува сезоната за наводнување.Земјоделците не ги интересира ништо освен , да наводнуваат за што се спремни да си плаќааат.

Затоа Водостопанство „Тиквеш, веднаш по именуваето на новото раководстсво започна со чистење на каналите кои не беа „чепнати„“ со години,се пристапи кон поправка на големите дефекти а за системот да функционира ќе треба да се работи уште многу. Но за нареднатра сезона да биде како што треба, потребно е да се решат неколку проблеми: На сифоните „Макарија„ ,Пумпите „Љубаш„ и „Сопот“„ како и системот „Бошава„- К-2 над село Ваташа и дриги кои ќе бидат третнам на поголеми зафати.

Дипломираниот земјделски инжинер Ризов, вели дека нема да биде лесно ,ќе се работи одговорно и домаќински, за што сведочи податокот дека секој кој ќе добие задача, изминатите два месеца си ја извршува без поговор.Има разбирање за сите затоа што меѓучовечките осноси се добри, а така и ќе остане.

Плановите се голми, но и оговорноста.Дефектите кио ги има многу , се решаваат еден по еден , паралелно со чистењето на каналите, и другите проблеми.Треба да се има разбирање за големината на ХМС „Тиквеш„ и тоа што со години системот не одржуван .А за тоа треба воља, работа,разбирање од надлежните и да не се штедат инвестициите таму каде се најпотребни.

м.д.

42929583_10210372299698891_3282091244552978432_n 461924144_122111244968415717_7161208653495479567_n 462488712_122111943200415717_3305627208615868228_n 463248912_122112467066415717_2857655496995274483_n 463439982_122112467156415717_5497336021390790917_n 464139927_122112965000415717_3703526048173470585_n 464236035_122113011128415717_1357164566275824638_n 464277524_122113010966415717_6394082909945289883_n 464236035_122113011128415717_1357164566275824638_n