МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Лозарите во Тиквешијата се задоволни од годинашниот род на Кратошијата и Вранецот , двете најквалитетени црно сорти на винско грозје.Тие се застапени најмногу на овој простор во Македонија.

По речиси 15-сетина години годинава имаме мошне добар род.Квалитетот на грозјето е одличен,шеќерноста исто така, количината двојно зголемен од лани, времето за берба поволно.Останува винариите и откупувачите добро и навреме да платат,зашто на крајот тоа е најбитно.За жал некои лозари сеуште немаат земено пари за лани предадено грозје.

Во Неготинско стартот на бербата беше означен пред четири дена .Откупуваат ,,Маркудов,,-Гевгелија, ,,Имако ,,Штип, а се носи и за потребите на Охридска винарија.Исто така на овој терен како откупувач се јавува и ,,Сковин ,,од Скопје-вели Љупчо Аризанов –претседател на Агротиквешија.Во Кавадарци масовната берба стартува овој викенд( 5 и 6 септември) во Еврокап, и ,,Поварадрие,, на пунктот во поранешниот Комбинат ,,Страшо Пинџур,, како и кај откупувачот сместен во поранешен,,Југокомерц,,.Дознаваме дека и Винаријата ,,Стефанс ,,почнала со откуп на грозје од неготинско а се очекува и од кавадаречкиот регион.

grozje-500x400.jpg

Досега само ВВ,,Тиквеш“ како релевантна компанија во винарството изготвила скалесто плаќање на вранецот врз основа на шекерноста на грозјето.Или, како што вели Аризанов, една шекерна единица ја плаќа по 0,68 денари што, ако се земе просечната шекерност на годинашниве количини грозје, би се формирала солидна цена по килограм грозје.Се очекува просекот на блажината на грозјето да се движи оид 19 до 22 шеќерни едниници.Инаку во некои региони во Тиквешијата шеќерноста на Вранецот е поголема .Инаку објавената цена пред бербата за ова сорта грозје изнесуваше 13 денари , што се оечкува да ја почитуваат сите откупувачи.

Што се однесува за количината на грозје кое ке се собере во 2015 година , родот се очекува да биде тежок околу 180 милиони килограми(лани изнесуваше 80 милиони ).Ова е една од добрите години за грозје и производство на квалитетно вино.Тиквешани знаат да прават добро вино,а ова берба тоа и ке им се овозможи.

М.Димитров.