МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Децата ги украсија најубавите јајца за Велигден

На Велики четврток, кога според христијанската религија се вапцуваат јајцата , во Кавадарци се одржа Велигденски хепенинг-кој е традиционален и на него главната улога ја имаат децата.Тие изработуваат , пригоди амбалажи , креативно во нив сместуваат јајца, ги шараат,ги украсуваат прават најразлични декорации и на крајот ги продаваат јајцата.

Годинава учествуваа сите ученици од основни училишта ,паралелката за деца со посебни потреби, и дневниот центар за деца со посебни потреби.Сe беше планирано да се одржи на Градскиот плоштад но поради нестабилно време беше преместено во Галеријата на Домот на Културата.

Под покровителство на градоначалникот и Советот на општината, а во организација на Домот на културата, денеска во Градската галерија се одржа традиционалниот „Велигденски Базар“ на кој учествуваа учениците од кавадаречкитe основни училишта. На импровизирани штандови децата имаа изложено свои ракотворби изработени на часовите по ликовно. Предметите поврзани со симболикатана најголемиот православен христијански празник Велиген тие ги продаваа по симболични цени. Купувачи беа нивните другарчиња од училиштата, потоа родители, наставници, како и граѓани кои денеска го посетија велигденскиот пазар во Домот.

На крајот од „Базарот“ во името на покровителот и организаторот, директорот на домот Александар Малинков, на ситеучесници им додели благодарници за учество.

Хепенинзи со продажна и изложба на велигденски јајца се одржаа во сите основни училишта кај нас.

Како раѓањето за Воскресението Исусово и овој пат така и радосната вест за доаѓањето на Велигден го донесоа најмладите.

20180.jpg

295952.jpg